Кумановската болница до крајот на годината добива мамограф

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи и член на СДСМ, Оливер Спасовски информира дека денеска во Куманово присуствувал на ревијална трка по повод Месецот на борба против рак на дојка, во организација на Форум на жени СДСМ Куманово, како заокружување на активностите во рамки на оваа кампања за подигање на свеста од оваа малигна болест.

-На мое големо задоволство, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, информираше за проектот на Светска Банка преку кој кумановската болница ќе добие нов мамограф.

Како СДСМ продолжуваме со подигање на свеста за рана детекција на болеста, како и со системско унапредување во делот на пристапот и квалитетот на здравствена заштита – во нашата држава повеќе нема пациенти со малигна болест за кои нема терапија!, порача Спасовски.

Слични содржини