Кунгуловски: Ковид-19 води до барем 8 пати зголемен ризик за тромбоза во споредба со било која вакцина

од Nikola Popovski

Во една интересна студија https://osf.io/a9jdq/ којашто секако треба да се валидира и репродуцира во други држави е утврдено дека ризикот за церебрална венозна тромбоза е следниот: кај Ковид-19 пациенти = 39 на милион, Фајзер/Модерна вакцина = 4 на милион, АстраЗенека = 5 на милион. Тоа значи дека Ковид-19 води до барем 8 пати зголемен ризик за церебрална венозна тромбоза во споредба со било која вакцина (и таа на АстраЗенека“, објави доктор Горан Кунгуловски.

Тој смета дека не треба да ги заборавиме и другите почести исходи (независно од CVT) од COVID-19 како останати типови на тромбоза, пневмонија, оштетување на органи, цитокинска бура, кои знаат да доведат и до смрт.

„Никој без имунитет нема да избегне заразување со SARS-CoV-2, дали сега, дали за месец од сега или за година од сега. Изборот е двоен: вакцина или COVID-19. Шансите за преживување се стотици можеби и илјадници пати поголеми со вакцина. Проста и едноставна математика“, објави Кунгуловски.

Слични содржини