Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Курц во Македонија

Курц во Македонија

Курц по рутата на бегалците пристигува во Македонија

sebastian-kurzz-640x320-1200x545_c

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој, меѓу другото ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Министерот Курц е во повеќедневна турнеја на земјите од регионот, главно во врска со справувањето со бранот мигранти и бегалци.

Веројатно и тој гласно ќе потврди дека нема договор за заеднички превоз на мигрантите од Македонија до австриската граница , како што тврди амбасадата на Словенија во Македонија.

На состанокот на директорите на полициите од Словенија, Австрија, Хрватска, Србија и Македонија во Скопје не бил постигнат договор за овој предлог. Амбасадата на Словенија посочува дека иницјативата на оваа земја била да се превземат единствени мерки за намалување на протокот но и да се обезбедат документи за регистрација и идентификацијакои ќе бидат издадени во првата држава на влез, за што во тек е координација на можностите.

Дека не е постигнат договор за заеднички превоз вчера потврдија и чешкиот министр за надворешни Заоралек и македонскиот министет Никола  Попоски.

Но, македонско – Грчката граница сепак останува во фокусот на плановите. И австрискиот министер за надворешни Себастијан Курц кој е во посета на земјите од регионот највува можност за менување на рутата, во моментот кога неговата земја ќе одлучи да ги затвори границите, а таква одлука е се поочигледна. Курц покрај земјите кои се дел од балканската рута ги посети и Црна Гора и Албанија и Босна и Херцеговина, со предупредување дека токму тие можат да бидет дел од новиот пат на бегаците и мигранти од блискиот исток ако се остварат плановите за затворање на границите во земјите кои сега се дел од патот до Западна Европа.ограда арм

Курц денеска  доаѓа во Скопје, а според најавите неговата поддршка ќе оди во насока на зголемување на бројот на полициски службеници, но и ангажирање војници  токму на границата со Грција. Курц во сите земји од регионот потенцираше дека македонско – грчката граница може да биде искористена како рампа за затворање на рутата, ако Грција продолжи со пропуштањето на бегалците и мигранти кон Македонија.

Столтенберг: НАТО испраќа поморска група во Егејското Море

Курц  воопшто не крие дека очекува големи проблеми со мигрантите во 2016 година, а плановитре за нивно решавање очеглидно се уште никому не се јасни.

loading...