Курти бара смена на Тачи поради тајниот договор со НАТО

од Nikola Popovski

Откако официјално ја извести претседателката на парламентот, Вјоса Османи за тајниот договор на Хашим Тачи и тогашниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, косовскиот премиер Албин Курти истакна дека Тачи сериозно го прекршил Уставот, што е и причината за неговото разрешување, пренесува „Газета Експрес“.

Курти изјави дека во име на Косово, Тачи му го пренесе на КФОР апсолутното право на вето над сите идни мисии на КБС во северно Косово за неопределено време.

„Имајќи ги предвид доказите што му се достапни на Кабинетот на Премиерот, како и релевантните одредби на Уставот на Косово, постојат доволни причини да се заклучи дека претседателот Тачи додека бил премиер сериозно го прекршил Уставот и дека извршувањето на делото оправдува поведување на уставна постапка за разрешување од местото Претседател на Косово “, заклучува Курти.

Слични содржини