Курти ги повика градоначалниците од северно Косово да ја укинат блокадата

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Албин Курти, ги повика градоначалниците на северот на Косово да ги отстранат возилата што ги блокираат патиштата, а Србите да се повлечат од патиштата и да овозможат слободно движење, пишува „Репортери“.

На седницата на владата, Курти повторно изјави дека одлуката за реципроцитет на регистарски таблички е фер и неопходна за Приштина.

Тој, исто така, рече дека преземените мерки важат за секого, без дискриминација или привилегија забилокој. Курти го обвини претседателот на Србија дека е единствениот што има интерес да има конфликти.

Курти рече дека Приштина е за дијалог и предложи и Белград и Приштина да ги укинат привремените таблички и на тој начин да им овозможат на граѓаните да се движат што е можно послободно.

Од понеделник, властите во Приштина започнаа со замена на српските регистарски таблички на административните премини со привремени, за што надоместокот е пет евра. Приштина, исто така, испрати специјални полициски единици РОСУ на административните премини Јариње и Брњак.

Ова предизвика загриженост и вознемиреност кај Србите и тие ги блокираа патиштата што водат до административните премини.

Слични содржини