Курти: Гренел припаѓа на Америка, но тој не е Америка

од Vladimir Zorba

Лидерот на движењето Самоопределување и поранешен премиер на Косово, Албин Курти, рече дека специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, и припаѓа на Америка, но дека Гренел не е Америка.

„Oд Западот научив да ги критикувам западните претставници. Значи, во овој поглед, сојузниците и партнерите се такви, само ако има право да критикуваат. Ако под никакви околности не се осмелите да не се согласите со кој било функционер, тогаш тоа не е партнерство и сојуз“, рече тој за приштинската телевизија КТВ.

Зборувајќи за мерката на реципроцитет кон Србија, Курти рече дека не сака да примени реципроцитет кон САД, туку кон Србија.

Тој се осврна и на извештајот на Стејт департментот, во кој се фали неговото владеење.

„Неодамна имавме извештај од Стејт департментот на САД за климата за инвестиции во Косово, кој ја пофали владата на Курти, која се бореше против корупцијата, но не успеа да ги институционализира антикорупциските методи заради краткиот мандат“, рече тој за себе.

На прашањето зошто е обвинет за „антиамериканизам“, Курти одговори со прашање како тоа Стејт департментот го фали, „ако е антиамериканец“.

Слични содржини