Курти: Малиот Шенген не смее да биде „четврта Југославија“

од Vladimir Zorba

Претседателот на Самоопределување и кандидат на оваа партија за нов премиер на Косово, Албин Курти изјави дека не смее да се дозволи формирање на „четврта Југославија“.
Тој ја коментираше иницијативата за создавање „мал Шенген“, која неодамна ја претставија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и С.Македонија, Еди Рама и Зоран Заев.

„Србија е посветена на создавање на нова платформа за „голема Србија“. На Србија е потребна платформа за ширење и не смееме да дозволиме „четврта Југославија“.Тоа е целта на Србија – смета Курти.

Пред две недели челниците на Србија, Албанија и С. Македонија се обврзаа во заедничка Декларација за воспоставување на слободен проток на луѓе, материјали, услуги и капитал на Западен Балкан дека ќе работат на унапредување на регионалната соработка, за цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

Слични содржини