Курти: Напролет се очекува меѓусебно признавање на Србија и Косово

од Vladimir Zorba

Договорот меѓу Белград и Приштина, кој потсетува на оној меѓу двете Германии по Втората светска војна, треба да овозможи интеграција на Косово во меѓународните институции, вклучително и Обединетите нации, изјави во ексклузивно интервју за црногорски медиум косовскиот премиер Албин Курти.

Преговорите со Србија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, како што посочува, се базираат на понудата на Европската унија, Европската заедница, кои ги поддржаа Берлин и Париз.

– Од деветти септември годинава имаме модел на кој ќе се потпреме при нашите идни преговори кои мора веднаш да почнат. Впрочем, пишува дека за неколку дена, до приближно следната пролет, треба да имаме договор за целосна нормализација на односите. Во меѓувреме се договоривме Косово да не продолжи со казни за автомобили со нелегални таблички КМ и други од времето на владеењето на Милошевиќ. Србија повеќе нема да издава такви таблички и им даваме можност, неколку месеци, како мерка за меѓусебна доверба, за да се постигне овој договор, кој е многу важен, не само за Косово и Србија, туку и за целиот наш регион – нагласи Курти.

Тој посочи дека по прогласувањето на независноста, Република Косово станала нормална држава, но дека Србија тоа не е, и дека, како што вели, тоа е работа на српскиот народ.

-И нашите односи не се нормални. Нормализирањето на односите значи дека на крајот имаме договор, договор кој е меѓународно правно обврзувачки и во кој како фокус имаме меѓусебно признавање. Знаете дека Косово не ја признава Србија, Србија не го признава Косово и сега имаме рок за тоа меѓусебно признавање да се спроведе некаде на пролет следната година. Ова е договор кој беше постигнат и кој Србија го прифати – рече Курти.

Србија, додава тој, прифатила и отворање на преговорите што ќе се базираат на понудата од Брисел, кој го поддржуваат Франција, Германија и САД. Планот, како што вели, е следната или неделата по таа да се организира средба во Брисел на која ќе почнат преговорите за нормализација на односите.

Проблемот, според Курти, е да се верува дека Александар Вучиќ ќе го испочитува договорот.

– Од 33 договори постигнати од Косово и Србија во Брисел, Србија не изврши ниту спроведе две третини од тие договори. Имаме горко искуство со Србија, во смисла дека ќе потпишат и ќе спроведат договор – тоа се две сосема различни работи. Ќе работам потпишувањето на договорот и неговата имплементација да дојдат во ист контекст – нагласува Курти.

Тој верува дека нема да биде лесно, но и не е невозможно.

– Сега како гаранција ги имаме Брисел, Париз, Берлин и Вашингтон. Затоа оваа декларација ја гледаме како позитивен, прогресивен чекор во вистинската насока – нагласи Курти.

Наведува дека договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина содржи елементи преземени од моделот на две Германија, кој им овозможил членство во меѓународните организации.

– Но, имајќи ја предвид ситуацијата со Кина и Русија, кои не се демократски земји и кои се во голема тензија со демократскиот Запад и имаат право на вето, не е многу рационално да се очекува дека ќе го променат своето мислење за неколку месеци – смета Курти.

Слични содржини