Курти: Не е невозможно да избие нова војна доколку преговорите меѓу Белград и Приштина не успеат

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска изјави дека „не е невозможно да избие нова војна доколку преговорите меѓу Белград и Приштина не успеат“, и повтори дека е против формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), бидејќи, како што тврди, тоа е „апартхејд“.

Курти ова го изјави во интервју за „Дојче веле“ и додаде дека засега нема планови за средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но дека се надева оти преговорите на високо ниво ќе продолжат.

Курти тврди дека ако договорите пропаднат, не е невозможно да има нова војна и рече дека Приштина ги зајакнува безбедносните и одбранбените капацитети.

Слични содржини