Курти: Не го прифаќам примопредавањето, многу брзо ќе се вратам во извршната власт

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на „Самоопределување“ и досегашен вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека новата влада предводена од функционерот на ДСК Авдулах Хоти е бескорисна и рече дека тој ќе ја продолжи борбата и ќе се врати во извршната власт многу брзо.

Курти исто така рече дека нема да го прифати примопредавањето со некој што го разрешил додека бил премиер.

Тој повтори дека неприфатлива е неодамнешната одлука на Уставниот суд за указот на косовскиот претседател Хашим Тачи за именување на Хоти за премиер, пренесува „Косово онлајн“.

Слични содржини