Курти: „Нон-пејперот“ за Косово потекнува од Белград и Русија

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека не верува дека „нон-пејперите“ што од неодамна кружат во јавноста, доаѓаат од европските метрополи или од Соединетите држави.

Според „Косев“, Курти изјавил дека доаѓаат од Белград, па дури и од Русија, која, како што рече, има намера да го искористи Западен Балкан за да ги нападне Европската унија и НАТО.

„Не верувам дека автори на овие „нон-пејпери“ се западните метрополи, секако не САД, туку и европските метрополи. Верувам дека ова доаѓа од Белград, а можеби дури и од северо-исток. Интересот на Руската Федерација е да го користи Западен Балкан за да ги нападне ЕУ и НАТО. Се обидувам дење и ноќе да ја убедувам меѓународната заедница во она што е правилно и корисно“, рече Курти.

Според Курти, намерата на Белград е да го отвори пакетот на Ахтисари и сите прашања во него.

„Планот на Ахтисари е на удар, намерата на Белград е да го отвори пакетот на Ахтисари и сите прашања што беа внатре. Формулата за успех, што е исто така морална и политичка обврска, е да ја браниме независноста и меѓународните актери да го бранат планот на Ахтисари против Србија. Целта на Србија е боснизација на Косово, да го направи Косово неуспешна држава. Целта е да се нападнат суверенитетот и територијалниот интегритет со отворање на пакетот Ахтисари. Планот на Ахтисари е дете на интернационалците, и тие мора да го заштитат, додека јас го бранам нашето сакано, независно Косово“, рече премиерот на најмладата држава на Балканот.

Слични содржини