Курти: Од 33 бриселски договори само ЗСО не е во согласност со уставот на Косово

од Radmila Tasevska

Премиерот на приштинските привремени институции Аљбин Курти денес изјави дека единствениот дел од Бриселскиот договор потпишан во 2013 година, а кој не го изгласа таканаречениот косовски устав, е формирањето на Заедницата на српските општини.

„Има 33 бриселски договори и еден договор не може да има приоритет над другите. Нема хиерархија во тие договори. Само договорот за заедницата на општините не го положи уставниот тест. Ја почитувам доверливоста на дијалогот, но нагласувам дека ниту еден од тие 33 договори не може да има хиерархиски приоритет“, рече Курти, пренесува порталот „Репортерс“.

Курти го повтори својот став дека договорот мора да вклучува заемно признавање.

Слични содржини