Курти: Одлуката на Уставниот суд за декретот на Тачи е неприфатлива

од Nikola Popovski

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, рече дека одлуката на Уставниот суд, објавена доцна синоќа, била неправедна и неприфатлива.

„Ние ќе ги информираме граѓаните за понатамошните политички чекори во наредните денови“, напиша Курти на Фејсбук во петокот.

Ова е прво обраќање на Курти откако Уставниот суд едногласно донесе одлука дека указот на косовскиот претседател Хашим Тачи за назначување на Аувлах Хоти од второ рангираната Демократска алијанса на Косово (ЛДК) за премиер на новата косовска Влада е во согласност со Уставот.

Курти наведува дека Уставниот суд „за жал застанал на страната на оние кои ја заробиле државата“.

„Нашата борба продолжува, заедно со осветениот народ против оваа корумпирана група“, напишал тој во објавата на Фејсбук.

Според него, во неколку случаи во синоќа објавената одлука Судот „наместо со толкување, се нафатил со пишување и допишување на Уставот“.

Тој вели дека ќе биде извршена детална анализа од страна на неговите правни советници откако ќе ја добијат одлуката на Судот.

„За жал, Уставниот суд застана на страната на тие кои ја имаат заробено државата. Тој прозборе за себе, попрво и повеќе одошто за прашањето кое го третира. Тој се запечати, се обезвредни себеси. Нашата битка продолжува, заедно со освестениот народ, против оваа корумпирана каста“, порача Курти.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март и неколкуте неуспешни повици до ВВ да именува нов кандидат за премиер, мандатот му го додели на Авдулах Хоти, кандидат на второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Лидерот на ЛДК, Иса Мустафа денеска најави дека собраниската седница, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за состав на новата влада, ќе се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни.

Слични содржини