Курти: Предупредени сме за можноста за намалување на меѓународната поддршка

од Vladimir Zorba

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека добил предупредувања за можноста за намалување на поддршката од Западот, доколку Косово не биде конструктивно во однос на преговорите со Србија. Сепак, тој изрази уверување дека Косово се покажува како конструктивна страна во овој процес.

Курти во интервју за РСЕ рече дека не бил поканет на средбата што ќе ја организира Американската амбасада во Приштина на 31 јануари, а на која ќе се разговара за создавање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Тој рече дека оваа средба е резултат на инсистирањето на претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар и оти очекува Ескобар во Белград да каже дека Србија треба да го признае Косово, а не да каже во Приштина дека Заедницата ќе се оствари, без разлика на премиерот на Косово.

Говорејќи за европскиот план за нормализација на односите Косово-Србија, Курти рече дека тој не му бил претставен во форма на „земи или остави“, туку како платформа за понатамошна дискусија.

Тој повтори дека европскиот предлог е добра основа за разговори, но рече дека не содржи се што би сакало Косово.

Курти додаде и дека очекува интензивен дијалог со Србија, за да се постигне договор во наведената временска рамка, а тоа е март 2023 година.

Слични содржини