Курти пристигнува во Славонски Брод, со Пленковиќ ќе ги посети повредените патници од несреќата

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево во Славонски Брод ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти.

За пристигнувањето во Славонски Брод известил самиот премиер на Косово, кој треба да пристигне во Хрватска со хеликоптер околу 18 часот. Потоа, заедно со премиерот Пленковиќ, ќе ја посети болницата во која беа сместени повредените патници од тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот А3 кај Славонски Брод.

Покрај премиерот, во Славонски Брод ќе престојуваат министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, министерот за здравство Вили Берош, министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за одбрана Марио Баношиќ.

Слични содржини