Курти: Проектот за промена на границата пропадна, но не е мртов

од Nikola Popovski

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека проектот за размена на територија и промена на границите на територијата на Косово пропаднал во рамките на дијалогот со Србија, но дека идејата не е мртва.

Во интервју за „Зидојче Цајтунг“, тој предупреди дека косовските власти треба да бидат претпазливи, бидејќи ваквите одлуки ќе ја отворат „Пандорината кутија“, пренесува Танјуг.

Тој рече дека не е против дијалогот со Србија, но дека рече дека процесот треба да се заснова на јасни принципи, кои се обврзувачки за двете страни.

„Србија мора да ја прифати реалноста: Косово е независна држава. И, не можеме да се вратиме во времето на Слободан Милошевиќ. Колку порано тие ќе ја прифатат, толку подобро и за двете страни“, рече Курти.

На прашањето за идејата за пристапување на Косово кон Албанија, Курти рече дека одлуката треба да ја донесат граѓаните на референдум во обете држави и дека сè „треба да се направи мирно, демократско и транспарентно“.

Слични содржини