Курти: Србија стана провинција на Русија, затоа ситуацијата на Балканот е опасна

од Vladimir Zorba

„Сакаме договор, одиме на дијалог. Се чини дека Белград и Вучиќ не сакаат договор“, изјави косовскиот премиер Албин Курти.

Во интервју за сараевскиот Н1, Курти рече дека во последната година Косово бележи „историски раст“ и додаде дека тие ја подобриле својата позиција за 17 места според Транспаренси интернешнал, во врска со борбата против корупцијата, но и во слободата на медиумите.

„Што се однесува до владеењето на правото, ние сме први на Балканот. Значи Косово е нормална земја со напредок и развој, но нашите односи со Србија не се нормални. Не се работи за Косово, туку дека Србија не е нормална земја. Тоа е автократија со многу широки и блиски врски со Кремљ. За време на владеењето на СНС, Србија стана провинција на Русија и затоа ситуацијата на Балканот е опасна, бидејќи освен што се бориме против хегемонијата на Белград, тука е и Русија. Косово има своја војска и полиција и е многу подемократска земја од Србија, а независноста на Косово е многу поголема отколку во Србија која е зависна од Русија. Во однос на економскиот раст, ние сме пред Србија. Во Србија опозицијата не може да победи, а на Косово ние како опозиција докажавме дека можеме да ја преземеме власта. Тоа е главниот тест за демократијата. Знаете дека опозицијата нема шанси да победи и во Русија. Внимателни сме затоа што граничиме со недемократска земја“, рече Курти.

На прашањето зошто не е дозволено формирање на Заедница на српски општини, Курти рече дека за нормализација на односите „треба да имаме меѓусебно признавање во центарот на договорот“.

Слични содржини