Курти: Србија е како нацистичка Германија, може да предизвика трета балканска војна

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини српската влада дека се заканува дека ќе започне нова балканска војна за да извлече отстапки од Западот.

Курти во интервју за „Дејли телеграф“ го обвини претседателот на Србија дека се однесува како „Германија меѓу двете светски војни“.

Тој предупредува дека неодамнешните кризи во Косово и во Босна и Херцеговина би можеле да ескалираат доколку западните влади не го сфатат сериозно.

Според текстот, Србија „распоредила војници на границата со Косово во септември, а етничките Срби кои протестирале се судриле со косовската полиција на север минатиот месец“.

Претходно оваа недела, високиот претставник на ОН во Босна и Херцеговина додаде дека Дејтонскиот мировен договор од 1995 година е блиску до колапс.

„Мислам дека дефинитивно е поопасно од порано, тие сакаат да се однесуваат како Германија меѓу двете светски војни: „Ако нè биде по наше, ќе испровоцираме уште една.“ Затоа што тие направија една рунда во 1990-тите. Србија на име воени трошоци ќе видите дека вртоглаво троши во последниве години. За кого го купуваат сето тоа?“, праша Курти.

Тој рече и дека тоа што го кажал „многу смирено“ затоа што „го предвидел месеци и години порано“.

„Тоа е рационална анализа, а не емотивна“, рече Курти.

Во текстот понатаму се наведува дека буџетот за одбрана на Србија пораснал за околу 70 отсто на околу 1,5 милијарди долари (1,11 милијарди фунти) годишно од 2015 година, што ја прави најголемиот воен „трошач“ на Западен Балкан.

Слични содржини