Курти: Висок ризик од конфликт со Србија, која заедно со Русија предизвикува инциденти на Косово

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека ризикот од нов конфликт меѓу Косово и Србија е голем, објави денеска „Kosovo online“.

Тој рече дека би било неодговорно да се каже поинаку, со оглед на тоа што Русија го направи со Украина.

„Не би рекол дека ризикот е многу голем, бидејќи и ние имаме контингент на НАТО овде, но секако е висок. Ние сме демократија која има автократија на границите“.

Според него, пред инвазијата на Украина можностите биле мали, но сега ситуацијата е променета.

„Ако имаме уште една епизода, на пример во Придњестровје, тогаш веројатноста дека ќе се случи трета војна на Западен Балкан, а особено на Косово, ќе биде многу голема“, рече тој.

Говорејќи за новите реципрочни мерки кон Србија, Курти го потенцираше рокот од два месеци.

„Пренамена на регистарски таблички поставени од Слободан Милошевиќ. Ова е одлука на мојата влада. Имаат два месеци“, рече Курти, пренесува „Albanian post“.

Во врска со нападот на косовската полиција на северот од земјата, Курти рече дека обвинителството го истражува случајот.

„Тоа беа луѓе на платниот список на Белград, кои работат во нелегални објекти на северот на Косово. Некои од нив беа навистина криминалци, кои беа ставени на црната листа на американското Министерство за финансии минатата година“, рече Курти.

Курти додаде дека Србија има 48 бази околу Косово и дека „протестите не биле спонтани, туку биле организирани од Белград со поддршка на Русија“.

Слични содржини