Курти: Во Охрид ќе разговараме за планот за имплементација на европскиот предлог

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека на средбата во Охрид на 18 март, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе разговара за планот за имплементација на европскиот предлог.

„Продолжуваме со подготовките за состанокот на 18 март, кој ќе се одржи во Северна Македонија, во Охрид, треба да видиме како да се усогласиме со европскиот предлог и да приложиме вистински план за имплементација кој треба да се карактеризира со сеопфатност и ефикасност. изјави Курти при посетата на Грачаница, пренесе „Репортери“.

Зборувајќи за состанокот на 27 февруари во Брисел, Курти рече дека е подготвен да го потпише документот, но дека другата страна не е и дека „срамота е дека одобрениот текст со пет реченици во преамбулата и вкупно 11 члена, не беше веќе потпишан на 27 февруари.“

Слични содржини