Курти: Вучиќ ја одби мојата „великодушна понуда“ во Охрид

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти напиша на Твитер дека српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид ја одбил неговата „великодушна понуда“ за самоуправување на косовските Срби.

„Откако одби да го потпише договорот на 27 февруари и пред повторно да одбие да го потпише со Анексот од 18 март, претседателот на Србија ја отфрли и мојата великодушна понуда за самоуправување за косовските Срби, преку моделот на Заедницата што јас би го подготвил и предложил. Дали е тој д-р Но или мистер Њет? Па, знаеме дека не е доктор“, напиша Курти, пренесува Косово онлајн.

Слични содржини