Курти жали што Шпанија не го признава Косово: „Погрешно е да не споредувате со Каталонија“

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти за време на престојот во Мадрид изјави дека жали што Шпанија го признава Косово, пренесува Газета експрес.

Во разговор со шпанските новинари, Курти рекол дека причината за тоа е „погрешна споредба меѓу Косово и Каталонија“, пренесува Косово онлајн.

„Жал ми е што Шпанија е во малцинството на земјите од ЕУ и НАТО кои сè уште не го признаваат Косово. Мислам дека причината за ова е непознавањето на ситуацијата. Кога прогласивме независност, не знам кој од шпанските политичари погрешно го формулираше сличноста на Каталонија со случајот на Косово“, изјавил Курти.

На инсистирање на шпанскиот новинар, Курти дал појаснување.

„Од она што ни беше кажано, во Шпанија имаше загриженост дека независноста на Косово може да послужи како преседан за некои шпански провинции кои сакаат да се отцепат. Значи, не знам каде можете да најдете сличности меѓу Косово и Шпанија. Стандардот на живеење во Косово отсекогаш бил неколку пати помал отколку во останатиот дел од Југословенската федерација. Во 1979 година разликата меѓу Словенија и Косово беше седум спрема еден, во истата социјалистичка држава! Суровините се вадеа од Косово, а фабриките беа во Србија и во други делови на Југославија, ние бевме рудари, а тие финансиери“, порачал Курти.

Слични содржини