Курц: Австрија не е подготвена да прифати повеќе Авганистанци

од Nikola Popovski

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска дека неговата земја не е подготвена да прими повеќе Авганистанци и дека нема да го поддржи европскиот систем за распределба на бегалците од Авганистан низ Европската унија.

Запрашан за предлозите за сите земји на ЕУ да го поделат товарот за прифаќање бегалци, Курц им рече на новинарите во Берлин дека Австрија веќе добила „поголем од пропорционален удел“ на мигранти од 2015 година, пренесува агенцијата АП.

„Австрија веќе ја има четвртата по големина авганистанска заедница во светот“, рече Курц пред средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Канцеларката рече дека за нејзината влада, сега фокусот е како да се обезбеди помош до 40.000 Авганистанци кои имаат право да доаѓаат во Германија со своите семејства, бидејќи работеле за германската армија или хуманитарни организации.

„Мораме да видиме колку од нив всушност сакаат да ја напуштат земјата, а колку не. „Тоа во голема мера ќе зависи од околностите создадени од Талибанците во земјата“, рече Меркел.

Слични содржини