Курц денеска официјално се прости од парламентот: „Сега сакам само да го гледам моето бебе“

од Milan1

Поранешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц денеска и официјално се прости од својот пратенички мандат, но и од своите следбеници на социјалните мрежи.

Курц преку Фејсбук им се заблагодари на своите следбеници за бројните позитивни желби, особено во врска со раѓањето на син.

– Уживаме во времето со нашиот Константин, напиша тој.

Тој им вети на фановите дека ќе продолжи да биде достапен преку сите канали на социјалните мрежи.

Тој рече дека сега сака „само да го гледа своето бебе со часови“ и дека планира да влезе во приватниот сектор на почетокот на следната година.

Слични содржини