Курц ќе стане татко: „Пресреќен сум што наскоро ќе бидеме тројца“ (ФОТО)

од Nikola Popovski

Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека заедно со неговата придружничка Сузана Тир чекаат бебе.

-Пресреќни сме и благодарни што наскоро ќе бидеме тројца. Нè чека убава заедничка задача, која едвај ја чекаме. Барам да разберете дека нашиот приватен живот досега се чуваше како приватен. Но, со нетрпение очекувавме да ја споделиме оваа вест со голема радост со сите вас “, напиша Курц преку социјалните мрежи.

Сопатничката на најмладиот шеф на австриската влада треба да се породи на крајот на ноември, односно на почетокот на декември.

Објавата на Курц доби 100.000 лајкови за многу кратко време, а повеќе од 7.000 корисници на Фејсбук им честитаа на канцеларот и неговата Сузана.

Инаку, австриските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Курц може наскоро да се ожени.

Досега тој постојано ги отфрлаше шпекулациите во медиумите, но веста дека ќе стане татко може да ја „забрза“ венчавката.

Сега низ цела Австрија се шпекулира каде и кога може да се одржи венчавката.

Некои тврдат дека свадбата може да се одржи на крајот на август на југот на провинцијата Стирија.

 

Слични содржини