Курц кон Австријците: Не ги фрлајте маските, ќе ви требаат наесен

од Vladimir Zorba

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново „затворање“, поради што е важно брзо да се препознаат регионалните жаришта.

Тој изјави дека заради тоа, потребно е да се инвестира во брзи тестови.

„Ние ќе мора да продолжиме да се справуваме со коронавирусот сè додека не се најде лек или вакцина. Тековната состојба може да се спореди со хармоника, која постојано е во движење. Секогаш ќе има чекори напред и назад. Ова е случај во други земји со кои разменуваме информации, како на пр. Израел и Австралија. Мора да бидеме побрзи во тестирањето и ќе инвестираме 390 милиони евра на брзи тестови“, објасни Курц во интервју за виенскиот весник „Österreich“.

Курц нагласи дека, кога има инфекција, пациентите треба што поскоро да се изолираат и да се прекине синџирот на зараза, што е направено, на пример, во провинцијата Горна Австрија, каде што училиштата беа затворени поради жариште.

Тој посочи дека граѓаните никогаш не смеат да заборават дека вирусот не исчезнал и дека пандемијата продолжува.

„Иако времето е убаво и крајот на учебната година е причина за радост, ние мора да останеме внимателни. Потрошувачката, храната, шопингот се важни за нашата економија, но неопходно е да се почитуваат потребните правила во овие активности, особено да се држиме на далечина”, рече Курц.

Премиерот изјави и дека маските не треба да се фрлаат, затоа што веројатно ќе им бидат потребни повторно,

„Пред се на есен, кога повторно ќе има зголемување на други болести и вируси. Од студиите знаеме дека маските помагаат да се спречи инфекција со коронавирус и со тоа да се заштитат другите“, нагласи Курц.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер вели дека граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни, бидејќи вирусот сè уште е меѓу нас, и може, во случај на неодговорно однесување, да избувне брзо.

Според него, регионалните жаришта мора брзо да се задушат.

Тој најави дека од сега полицијата повторно ќе контролира построго дали граѓаните се придржуваат кон постојните правила за коронавирусот, „затоа што во многу угостителски објекти не се придржуваат правилата за далечина, а не секој носи маски во јавниот превоз“.

Слични содржини