Курц му предложи на Путин да се сретне со Бајден во Виена

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а темите на разговорот беа, меѓу другото, борбата против коронавирусот, Белорусија, Украина, Навални, но и местото на средбата на Путин и неговиот американски колега Џо Бајден , известува прес-службата на Кремљ.

Разговорот се одржа на иницијатива на австриска страна.

„За време на разговорите за ситуацијата околу Белорусија, руската страна посочи на неприфатливост на надворешно мешање во внатрешните работи на таа земја“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, „на барање на Себастијан Курц, рускиот претседател ги разјасни приодите на Русија за решавање на кризата во Украина, со акцент на потребата властите во Киев целосно и безусловно да ги почитуваат договорите од Минск“.

Кремљ соопшти дека австрискиот канцелар предложил да се разгледа „кандидатурата на Виена како место за можен руско-американски самит, доколку биде постигнат соодветен договор за негово одржување“.

Курц, исто така, го потврди учеството на главната пленарна сесија во видео формат на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, што ќе се одржи во јуни.

За време на разговорите, беа разгледани и некои актуелни прашања од руско-австриските односи, вклучително и соработката во борбата против вирусот, како и изгледите за интензивирање на работата на различните механизми за билатерална соработка.

Прес-службата на Кремљ извести дека за време на разговорот, Путин и Курц ја допреле и темата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, но не беа наведени повеќе детали за тоа.

Како што беше објавено за „Спутник“ од кабинетот на австрискиот канцелар, рускиот претседател и австрискиот канцелар се договориле да ја интензивираат економската соработка и размената на туристи по пандемијата на коронавирусот.

„Обемот на трговија со Русија пред пандемијата изнесуваше пет милијарди евра во 2019 година, а руските туристи преноќиле во Австрија околу 1,2 милиони пати. По завршувањето на пандемијата, потребно е брзо да се интензивира таа размена“, соопшти кабинетот.

Слични содржини