Курц потврди дека е под истрага за корупција, не размислува за оставка

од Vladimir Zorba

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денес потврди дека е под истрага на антикорупциските власти и ги негираше обвинувањата дека лажно сведочел пред собраниската комисија, за која постои сомневање.

Курц им порача на пратениците дека истрагата што ја спроведе Државното обвинителство за борба против корупцијата и економскиот криминал се фокусира на изјавите што ги даде за време на парламентарната истрага против лидерот на десничарската Партија на слободата, коалициски партнер во владата, што доведе до пад на претходната австриска влада во 2019 година.

Австрискиот канцелар рече дека очекува Обвинителството да поднесе барање за кривично гонење и дека ќе се појави пред судија, објави австриската новинска агенција АПА.

Тој рече дека не размислувал за оставка.

Парламентарната комисија ја истражуваше таканаречената афера „Ибица“, поради која тогашниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе поднесе оставка.

Тој тоа го стори откако се појави видео на кое се гледа како тој нуди профитабилни државни договори на наводен руски инвеститор во замена за финансиска помош на неговата крајно десничарска Партија на слободата.

Видеото е наводно снимено на шпанскиот остров Ибица непосредно пред изборите во Австрија во 2017 година.

По падот на владата, се одржаа нови избори и Курц беше реизбран, овој пат коалицирајќи со „Зелените“.

Курц рече дека секогаш одговарал искрено пред парламентарната комисија, но дека многу од прашањата што биле поставени се однесувале на работи што се случиле одамна.

Тој изјави дека истрагата е покрената против шефот на неговиот кабинет, Бернхард Бонели.

Слични содржини