КУРЦ ПРЕДУПРЕДУВА: Ситуацијата во Австрија е многу сериозна, граѓаните да се придржуваат до мерките!

од Vladimir Zorba

Ситуацијата во Австрија е многу сериозна, и не само поради моментално големиот број новозаразени, бидејќи ако тој број продолжи да расте драматично, тогаш тие би ги достигнале капацитетите на нашите болници и единиците за интензивна нега, предупредува австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“, Курц рече дека бројот на новозаболени лица е двојно зголемен во рок од три недели и дека има итна потреба да се запре овој тренд.

– Затоа, ги замолувам граѓаните да ги намалат социјалните контакти, да се придржуваат до мерките и со тоа да го дадат својот придонес за да можеме добро да го поминеме вториот бран, бидејќи тие веќе успеаја на пролет – подвлече тој.

Најави дека утре ќе се сретне со претседателите на австриските покраини, бидејќи покрај натамошните мерки на федерално ниво, потребно е брзо да се реагира и во погодените региони, а тоа се однесува на сите провинции со голем број, бидејќи во моментов состојбата е стабилна само во Штаерска и Корушка.

Курц повика на намалување на социјалните контакти, посочувајќи дека е познато дека повеќето инфекции се случуваат во приватно опкружување.

– Сите мора да го дадеме својот придонес, со откажување од забави, поголеми собири и големи прослави. Само така можеме да спречиме уште едно затворање – рече тој.

Потсети дека високата стапка на инфекција не е проблем само за здравствениот систем, туку, колку се поголеми бројките, толку е поголема штетата врз економијата и се губат повеќе работни места.

– Тоа се однесува пред се на туризмот. Тоа е и причината зошто се борам за бројките да не растат понатаму. Секој ме прашува дали е можно да се спречи ново затворање, а одговорот е едноставен – зависи од сите нас. Во пошироките делови на Европа веќе постојат ситуации слични на затворањето – рече Курц.

Тој изјави дека во Чешка, Словенија, Франција, Шпанија се затворени цели градови, училиштата се затворени.

– Постои ноќна забрана за излегување во Белгија. Дека можеме да спречиме уште едно затворање ако сите придонесат, ако сите ги намалиме контактите, тогаш можеме да ја одржиме нашата економија, училиштата и дел од социјалниот живот и во текот на зимата – посочи канцеларот.

Кога станува збор за болеста на министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, тој пренесе дека другите членови на владата, како и тој, биле тестирани негативно.

Додаде дека Шаленберг е најверојатно заразен на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Луксембург и истакна дека немал директен контакт со него, затоа што сите носеле маски на седницата на Владата и се покажало дека тоа е многу корисно.

loading...

Слични содржини