Курц предупредува за „ефтините балкански тестови за корона“

од Stefanija Kuzmanovska

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди австриските граѓани денеска уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат за тестирање КОВИД-19 таму, јавуваат австриските медиуми.

„Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патувања. Секој ден имаме се повеќе случаи на заразени, чие потеклот може да се поврзе со Западен Балкан, рече Курц, потенцирајќи дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување во земјите од Западен Балкан.

Австрискиот канцелар исто така се повика на обврските на работодавците, повикувајќи ги да го осигурат почитувањето на карантинот од 14 дена по патувањето.

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на ефтините тестови на дестинациите за одмор во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за КОВИД-19 на Меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек.

Слични содржини