Курц: Секој трет Австриец ќе биде вакциниран оваа недела

од Vladimir Zorba

Секој трет Австриец кој сака да се вакцинира против коронавирусот треба да ја прими првата доза до крајот на неделава, изјави канцеларот Себастијан Курц.

„Ги преминуваме последните метри за да ја победиме пандемијата“, рече Курц во Виена во средата, додавајќи дека некои провинции наскоро ќе завршат со вакцинирање на лица над 65 години.

Досега 1,6 милиони жители ја примиле првата доза на вакцината, според владините податоци.

Околу 5 милиони луѓе од вкупно 7,5 милиони постари од 16 години изразија желба да бидат вакцинирани.

Седум дневната стапка на инциденца, бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на Австрија во текот на неделата, е околу 210.

Курц рече дека сегашната состојба со новите инфекции е стабилна. Треба да се преземат чекори за отворање на земјата најдоцна до мај, рече тој, додавајќи дека ќе се отворат ресторани и ќе се овозможат спортски и културни настани.

Виена и Долна Австрија се во карантин од 1 април, веројатно до 2 мај, поради притисокот врз болниците. Бургенланд, на границата со Унгарија, планира да отвори продавници и услуги следната недела.

Во другите шест провинции, продавниците се отворени од 8 февруари.

Слични содржини