Курц: Вакцините не се геополитичко прашање, се работи за спасување животи

од Vladimir Zorba

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска посочи дека Австрија води разговори и со Русија и со Кина за вакцини против коронавирусот, бидејќи смета дека не станува збор за геополитички проблеми, туку како да се спасат што е можно повеќе животи и да се овозможи што еможно побрзо враќање во нормала.

Курц, сепак, потсети дека вакцините од Кина и Русија сè уште немаат одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА).

„ЕУ ја презеде задачата за набавка на вакцини, но имаме разговори со други производители, како и од Русија и Кина. Убедени сме дека сè што помага е добро и дека не треба да биде геополитичко прашање“, подвлече тој.

Тој потсети дека експертите тврдат дека на Австрија ќе и требаат 30 милиони дози вакцини во наредните години, па затоа, наведува, важно е да се соработува со што повеќе партнери.

Курц изјави дека ЕУ не нарачала вакцина „Спутник V“ и дека засега нема одобрување, но кога ќе се добие, можно е земјите сами да ги нарачаат тие вакцини.

Ги оттфрли наводите дека работи против ЕУ со посета на Израел, нагласувајќи дека Австрија е многу активна за доброто на цела Европа.

Кога станува збор за зелените пасоши, кои би содржеле податоци за вакцината, но и резултати од тестовите, Курц истакна дека е важно Австрија, како туристичка дестинација и земја чија економија е ориентирана кон извоз, што поскоро да овозможи повторно да се патува.

Инаку, денешната прес-конференција беше посветена на зголемувањето на производството на австриската компанија „Polymun Scientific“, која произведува една состојка важна за вакцините Бајонтек/Фајзер

Курц рече дека компанијата успеала да го зголеми производството и дека до летото ќе испорача 20 милиони дози вакцини наместо 15 милиони.

„Тоа е голем придонес за европскиот континент и ние исто така имаме корист од тоа затоа што ќе добиеме повеќе дози на вакцини“, рече тој.

Директорот на „Polymun Scientific“, Дитман Катингер, потсети дека неговата компанија работи со Бајонтек на развој на вакцината уште од минатата година, и дека оваа компанија произведува важна состојка – нано липиди, кои се потребни за трансфер на mRNA до клетките на телото.

Слични содржини