КУРЦ ЗАГРИЖЕН: Не сакам болна талибанска идеологија во Европа

од Vladimir Zorba

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека не сака да ја увезува, како што рече, болната идеологија на талибанските фанатици во Европа.

Во интервју за германскиот дневен весник „Билд“, Курц рече дека тој лично е загрижен за повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан.

За фанатизмот на талибанците, тој рече дека не сака таа „болна идеологија“ да биде увезена во Европа.

– Ние сигурно ќе продолжиме да протеруваме во Авганистан. Проблемите на Авганистан не можат да се решат со фактот дека Германија и Австрија, како и во 2015 година, масовно ќе примаат луѓе – посочи Курц.

Тој истакна дека состојбата во тие земји мора да се подобри.

– Ако луѓето треба да бегаат, тогаш мислам дека соседните земји, Турција или безбедни делови од Авганистан, се дефинитивно вистинските места каде што луѓето можат да одат наместо да доаѓаат во Германија, Австрија или Шведска – објасни тој.

Истакна дека правото на азил е замислено како право за поединци и дека ако некој е прогонуван од политички или религиозни причини.

– Правото на азил не беше наменето за цели земји и региони да патуваат, а потоа во Европа тие да избираат и да велат „сакам да одам во Германија“. Тоа не е во духот на оние кои го замислуваа правото на азил – рече тој.

Курц рече дека веќе е голем проблем кога некој доаѓа нелегално во Грција со помош на шверцери со луѓе и додаде дека е среќен што односот во Европа се смени во тој поглед.

– Може да се види и во Германија, каде никој, од канцеларката Ангела Меркел, па натаму, не вели „ве молам, продолжете, ќе ве примат во Германија, туку се испраќаат спротивни сигнали, посочи тој.

Говорејќи за исламизмот, тој објасни дека во меѓувреме, насекаде било сфатено дека масовниот бран мигранти од другите култури, кои се делумно или целосно необразовани, предизвикал големи проблеми во Европа.

Тој исто така го посочи и проблемот со криминалот, потсетувајќи дека пред неколку недели во Австрија, 13-годишно девојче било дрогирано, силувано и убиено од неколку авганистански млади момчиња.

– Во минатото немавме таква бруталност – рече Курц, посочувајќи дека бројките јасно зборуваат за тој проблем.

Истакна дека е точно дека западните земји имаат проблем со луѓе кои доаѓаат од Авганистан, Чеченија и други делови на светот од сосема различни култури и системи.

Тој исто така потсети дека брановите на мигранти во последните неколку години донесоа, во поголема мера, антисемитизам во Европа.

– Дојдоа луѓе кои се јасно хомофобични и кои не ги почитуваат правата на жените – заклучи тој.

Слични содржини