Кутињо се поблиску до Арсенал

од Vladimir Zorba

Бразилскиот играч од средниот ред, Филипе Кутињо (27) е се поблиску до преминување во редовите на англискиот премиерлигаш Арсенал.

Кутињо е играч на Барселона, но во моментов е на позајмица во Баерн.

Баварците веќе објавија дека нема да го откупат неговиот договор, а станува се повеќе јасно дека не го сакаат ниту во Барселона.

Барселона плати на Ливерпул 120 милиони евра за бразилскиот фудбалер во јануари 2018 година, но по само една сезона беше испратен на позајмица во Баерн. Се чини дека Барса уште еднаш ќе го понуди на некој заинтересиран ова лето.

Бразилскиот халф се поврзуваше со голем број англиски клубови во последните месеци, при што најгласно се споменуваа Челси, Евертон, Тотенхем и Њукасл. Сега, според островските медиуми, Арсенал се приклучи на играта.

Менаџерот на Кутињо, Киа Џорабчијан е обожавател на Арсенал и, наводно, веќе разговарал со менаџерот на „топџиите“, Микел Артета.

Слични содржини