Кувајт му даде еден месец на амбасадорот на Севрна Кореја да си замине

од desk2

Кувајт му даде еден месец на амбасадорот на Северна Кореја да ја напушти земјата и одлучи да го снижи нивото на дипломатско присуство на Пјонгјанг.

Ова го изјави неименуан извор за AFP.

И дипломатското присуство на Северна Кореја ќе биде снижено на ниво на вршител на должност и тројца дипломати, вели ситиот извор.

Мерките кои Кувајт ги спроведува се донесени по помалку од две недели од посетата на кувајтскиот емир шеикот Сабах ал Ахмад Ал Сабах на Вашингтон, наведува француската новинска агенција.

Слични содржини