Кузеска: Бучковски е добар познавач на бугарската политика и ставови

од Берта Китинска

Самиот премиер кажа дека се вложуваме во изнаоѓање решенија кое нема да ги погоди чувствата на граѓаните на Бугарија и Македонија, вели Богданка Кузеска од СДСМ.

Таа додаде дека интервјуто за БГНЕС на премиерот било целосно извадено од контекст.

-Интервјуто предизвика реакции кои беа оправдани.Можам да кажа дека истото беше беше извадено од контекст. И како државник секој има обврска да отвара повеќе врати за да се најде решение, политичарите треба да бидат прагматични. Должност на премиерот е да не води напред и да ги отвора вратите кон Европската Унија, вели Кузеска.

Таа додаде дека Бучковски е добар познавач на бугарската политиката и ставови и очекуваме дека ова ќе биде знак дека сме решени да се изгради добар однос и овие прашања да бидат решени во духот на добрососедство.

Слични содржини