Кузеска: Францускиот предлог не е до доставен до нас, а веќе се шири паника кај граѓаните

од Nikola Popovski

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска смета дека не е одговорно да се дискутира за францускиот предлог, се додека само се пренесени преку медиуми.

-Тој предлог воопшто не сме го виделе. Сметаме дека не треба да се шпекулира, не треба да се избрзува, не треба да се шири паника кај граѓаните, затоа што сведоци сме дека тоа и се прави во претходните часови. Тој не е доставен до нас, можеби во земјите-членки на ЕУ прво ќе го разгледуваат. Откако ќе го видиме, ќе се произнесеме со став, вели Кузеска во емисијата „Само вистина“.

Портпаролката на владеачката партија додаде дека многу пати на функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле демантирани од странски амбасади од земјите-членки на ЕУ, токму за ширење информации, алудирајќи на пратеникот Антонио Милошоски кој денеска објави дел од предлогот за преговарачката рамка со ЕУ.

-И да е така, чуму ова се случува токму сега? Се крева паника кај јавноста посебно затоа што го поврзувам со протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова како намерно да се користи просторот за да се креира дополнително некое незадоволство. Нема потреба од неодговорно однесување во овој момент, потенцира Кузеска.

Слични содржини