Кузеска: Имаме предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

од Берта Китинска

Како што беше ветено, предлог на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се.Клучно за нас во овој предлог е дека се вградени нашите ставови и забелешли, имаме чист Македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа вели дека потонати се во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Таква работа ниту имало ниту ќе има. И не може да има со чист Македонски јазик во ЕУ.

-Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.Тоа Мицкоски ниту го имал ниту ќе го има.Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести, посочува таа.

Кузеска вели дека се потврдува дека Мицкоски нема државнички капацитет, ниту пак има интерес за конструктивен дијалог.

-Се што Мицкоски прави и на домашен и на надворешен план е предизвикување штета врз државните интереси и позиции.Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.Деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика, вели таа.

Слични содржини