Кузеска: Како во времето на МВРО-ВМРО, Мицкоски и Чулев ја злоупотребија МВР (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се’ да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза, затоа што се исплашени од изборно соочување. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека нивното крајно неодговорно, несериозно и незрело однесување, посебно за време на тешката криза поради коронавирусот, ќе биде казнето од граѓаните и Мицкоски ќе остане запаметен како политичар кој се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните“, вели денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше на Водно. За сето тоа време, на техничкиот министер Наќе Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата. Како во времето на МВРО-ВМРО, Мицкоски, заедно со Наќе Чулев, ја злоупотребија МВР и целосно ја ставија во служба на партијата, спроведувајќи штетни насоки“, посочува таа.

Слични содржини