Кузеска: Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори

од Vladimir Zorba

„Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие претстојни локални избори. Токму тоа се луѓето кои не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот, а Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови лица“, соопшти денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Еден од нив е и актуелниот градоначалник и кандидат на Мицкоски за општина Петровец, против кого е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Во медиумите се појавија и натписи за сомнителното минато и на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски.

До денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворен поради неовластено производство на опојни дроги“, истакнува таа.

Слични содржини