Кузеска: Мицкоски ги промовира ставовите на Бугарија на штета на државните позиции

од Vladimir Zorba

„Губитникот Мицкоски, соочен со уште еден пораз во Штип и нова казна од граѓаните, вчера излезе и јавно застана да ги промовира ставовите на Бугарија. Тврдењето на Мицкоски дека е потребен нов Договор со соседна Бугарија е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Хистеричниот Мицкоски работи против својата држава, против својот народ, во клучни моменти.

Во време кога се прават исклучителни напори од нас и нашите партнери во ЕУ за да се најде взаемно прифатливо решение што ќе овозможи започнување на преговори со ЕУ, Мицкоски вели дека не треба да има решение“, посочува таа.

Слични содржини