Кузеска: Мицкоски го руши македонскиот јазик, срамно тврди дека е кодификуван 1977 година (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски оди по странски телевизии и го руши македонскиот јазик, со срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година. Македонскиот народен јазик постоел, постои и ќе постои се додека има Македонци кои го говорат својот мајчин јазик“, соопшти денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот јазик.

А Мицкоски на српска телевизија, пред српската јавност, тврдеше дека македонскиот јазик бил кодификуван дури во 1977 година“, вели таа.

Слични содржини