Кузеска: Мицкоски се става во улога на истражител, вештак, обвинител и судија за истрагата со пожарот

од Nikola Popovski

Ако до сега некој се сомневаше, еве го Христијан Мицкоски на дело како се обидува на подмолен начин, без трошка совест, да ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово во политички цели, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Еднакво подмолно е што Мицковски се става во улога на истражител, вештак, обвинител и судија и онака од ракав става на маса факти кои немаат допирна точка со реалноста. Внимавајте, сето ова Мицкоски не го прави затоа што е загрижен, затоа што му е жал за загубата на човечки животи, туку бескрупулозно се бори за гола власт. Ништо друго“, рече Кузеска.

Според неа, вакво како што вели, ниско ниво на политичка култура, неприземно, некрофилско и деструктивно однесување не се памети.

„Мицкоски е трговец со човечки судбини. Без око да му трепне трампа загубени души за гласови. Мицкоски има морал, совест и образ еднаков на НУЛА.Граѓаните затоа ќе му испорачаат уште еден голем пораз на претстојните локални избори“, додаде Кузеска.

Слични содржини