Кузеска: Насилството го покажа вистинското лице на анти европската коалиција ВМРО ДПМНЕ – Левица

од Берта Китинска

Протестот е уставно и демократско право.Но, насилството и сликите коишто вчера ги видовме, повредени полицајци, насилници со качулки на виделина ја покажа вистинската цел на деструкцивната анти-европска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека СДСМ најостро го осудва насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија во земјата.

-Тоа е вистинскот лице и вистинската цел на анти европската коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица.
Во период кога траат широки и инклузивни консултации ВМРО-ДПМНЕ и Левица, наместо дијалог и конструктивност, одбраа да организираат насилни протести, да шират лажни вести измислуваат црни сценарија со кои ја плашат јавноста.Тоа е уште еден доказ дека Мицкоски и Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мислат добро на државата, не им мислат добро на граѓаните.СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози иднината на државата, вели Кузеска.

Слични содржини