Кузеска: Ниту Мицкоски не верува во овие кандидати за градоначалници од немај каде

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ и Христија Мицкоски знае дека ги губи изборите и понудата за градоначалници е од немај каде.Како едвај да нашол кандидати што ќе претрпат пораз па затоа огромно мнозинство од кандидатите се непознати, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Таа вели дека во понудата  нема ништо ново.

-Не само што не се нови, туку огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Тоа покажува колку е мала довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, во главниот град.Очигледно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа денеска побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николовски, аѓутантот на Груевски, кажа Кузеска.

Слични содржини