Кузеска: Обвинителството да ги испита наводите за закани и рекет врз бизнисмени од страна на Мицкоски

од Vladimir Zorba

„Јавноста деновиве слушна сведоштва на бизнисмени но и на актуелни градоначалници како Христијан Мицкоски се заканувал и вршел притисоци за одредени тендери во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Шемата е иста како онаа неговиот ментор Никола Груевски и неговиот 11 годишен режим чиј дел беше и самиот Мицкоски“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Ова се сериозни обвинувања од страна на бизнисмени и градоначалници за сериозна вмешаност на Мицкоски во незаконско постапување. Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи овие наводи.

Ова е особено важно по последната пресуда за Талир 2 и докажаните шеми на криминално функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Како на пример и случајот со плацевите на Водно каде меѓудругото и Никола Груевски доби судска казна со 7 години затвор и конфискување на тајниот имот

Важно е да се испита дали такви криминални шеми постојат и сега под раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Кузеска.

Слични содржини