Кузеска: Од денеска ќе следува поевтинување на основните производи

од Nikola Popovski

Од денеска па се до 30 септември за леб, шеќер и сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо. За брашното, јајцата, македонскиот ориз и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо. Со оваа одлука се ограничува растот на цените на овие продукти во наредните месеци, со што се штити стандардот на граѓаните, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Според неа, веќе од денеска сите производители и дистрибутери треба да формираат нови цени кои ќе им ги дадат на супермаркетите и согласно тие нови цени ќе следува поевтинување на овие производи.

-За два месеци од сега, во септември следува раст на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори, како и рекорден раст на пензиите согласно новата методологија. Преку ефикасни и навремени мерки и политики успеваме економијата да ја задржиме на стабилни основи, а повеќе пари да завршуваат кај граѓаните. Продолжуваме со вистинска грижа за нашата економија, за нашите сограѓани, додаде Кузеска.

Слични содржини