Кузеска: Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020

од Nikola Popovski

Четирите пакети економски мерки коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од коронакризата и обезбедија услови за брзо опоравување на економијата. Позитивните сигнали покажуваат дека економијата заздравува, а потврда за тоа се позитивните тековни економски движења како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и раст на просечната плата, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата, растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите.

„Вториот пакет економски мерки е имплементиран стопроцентно, а севкупна реализација од на четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра.

Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат.

Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.

Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите.

Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020, соопшти Кузеска.

Слични содржини