Кузеска: СДСМ го стави здравството на пиедестал

од Nikola Popovski

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска уште еднаш повтори дека владеачката партија покажа дека со дијалог и работни групи се направени големи исчекори и решенија во здравствениот систем кои што се на задоволство и се во очекувањето на двете страни.

-Ако нешто СДСМ докажа во изминатите години е дека здравството навистина го стави на пиедестал и го врати достоинството на докторите. Основната плата на лекарите-специјалисти се зголеми за 40%, на медицинските сестри пд 20-30%, општите лекари за 25%. Покажавме дека доаѓаме до решенија. Исто така сакам да го демантирам Арсовски дека министерот за здравство Сали не бил денеска на средбата со матичните лекари, рече Кузеска во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини