Кузеска: Сигналите од Брисел се јасни, имаме поддршка од европските институции и земјите-членки

од Nikola Popovski

„Јасно е дека сигналите од Брисел се навистина јасни. Имаме поддршка и европските институции и европските земји-членки немаат никаква дилема за тоа дека Македонија ги исполни критериумите и дека заслужува да отпочне преговори со ЕУ“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за емисијата „Само вистина“.

Според неа, црвените линии се поставени.

„За македонскиот идентитет и јазик не се преговара. Очекуваме позитивни исходи, но останува да видиме што ќе се случи понатаму“, истакнува Кузеска и дека ветувањето дека ќе влеземе во НАТО, го дадоа многу влади претходно, но само Владата предводена од СДСМ, успеа да го оствари.

Слични содржини